fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Вовед во SEO

Научи како интернет пребарувачи одредуваат која страница ќе се појави на врвот на листата резултати од пребарувањето. Кои се чекори се неопходни за еден сајт да се најде на првата страница на Google.

Play Video

Што претставува ова предавање?

Search Engine Optimization или SEO подразбира збир на добро планирани чекори и активности кои мораат да бидат реализирани за да може одреден вебсајт високо да се рангира на интернет пребарувачите. Бидејќи алгоритмите кои работат во позадина на големите интернет пребарувачи како Google и Bing континуриано се подобруваат, неопходно е постојано да се следат промените и да се оптимизираат не само содржините туку и целите вебсајтови.

На ова предавање ќе дознаеш што е SEO и како се менува низ годините. Зошто им е потребен на бизнисите и кои се придобивките од истиот. Која е разликата помеѓу SEO и SEM. Што се тоа клучни зборови и како се прави анализа на истите.

Билјана е SЕО професионалец повеќе од 12 години. Најголем дел од своето знаење и искуство го здобила на SЕО проекти во рамките на дигитал маркетинг агенции од Обединетото Кралство (UK) и Обединетите Американски Држави (USA). Во моментов се работи на оформување на своја агенција за дигитал маркетинг услуги, „Би Дигитал“ во Скопје. Нејзината досегашна работа честопати барала да настапи во улога на консултант за клиенти заради подобра имплементација на нивните бизнис потреби. Покрај ваквиот ангажман нејзиното портфолио на SЕО проекти е постојано активно. Некои од овие клиенти остануваат под нејзини закрила повеќе од 4 години. Како сертифициран Google Ads Professional, Билјана знае како да ги искористи атрибутите на Google Ads платените реклами и SЕО-то во согласност со потребите и бизнис целите на клиентот.

Билјана Димовска

SEO ПРОФЕСИОНАЛЕЦ, СЕРТИФИЦИРАН GOOGLE ADS PROFESSIONAL

ШТО MOЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

ШТО Е SEO?

Кои се бизнис-придобивките од SEO и зошто им е потребен на бизнисите? Која е разликата помеѓу SEO и SEM?

KEYWORDS АНАЛИЗА

Што се keywords, зошто се важни и како се прави основна анализа на клучните зборови.

Q&A

Во текот на предавањето ќе имаме Q&A сесија во која ќе можеш во реално време да и’ поставуваш прашања на инструкторката

Вовед во SEO

Академија за Дигитален маркетинг

Дојди до супер кариера во дигитален маркетинг за 23 недели преку работа на реални проекти

Вовед во Deep Learning

Сакам да го следам бесплатното предавање