Search Engine Optimization или SEO подразбира збир на добро планирани чекори и активности кои мораат да бидат реализирани за да може одреден вебсајт високо да се рангира на интернет пребарувачите. Бидејќи алгоритмите кои работат во позадина на големите интернет пребарувачи како Google и Bing континуриано се подобруваат, неопходно е постојано да се следат промените и да се оптимизираат не само содржините туку и целите вебсајтови.
На ова предавање ќе дознаеш што е SEO и како се менува низ годините. Зошто им е потребен на бизнисите и кои се придобивките од истиот. Која е разликата помеѓу SEO и SEM. Што се тоа клучни зборови и како се прави анализа на истите.