Python е general-purpose програмски јазик што се одликува со лесна синтаксичка природа и тоа го прави многу лесен за совладување за оние што немаат никакво искуство со програмирање. Но, синтаксата е само една причина зошто е одличен за почетници. Другата е што поседува неверојатна способност да се справува со комплексности при што го остава корисникот да се фокусира на учење на концептите на програмирање, без многу да внимава на детали.
Неговата универзалност и сестраност лежи во можноста да одговори на повеќе потреби за development. Се користи за сè од системски операции и web development, па до административни алатки, анализа на податоци, Machine Learning и AI. Всушност, оваа експлозија во популарност и побарувачка е во тесна поврзаност со подемот на Data Science на глобално ниво.
Огромниот асортиман на библиотеки го направи индустриски стандард за Data Science потреби, а со frameworks како Django и Flask стана и прв избор на многу веб-програмери.
На ова предавање ќе ги разгледаме предностите на Python, неговата сестраност и иновативност што го направија најбаран програмски јазик во моментов. Преку практични примери ќе демонстрираме како се користи во различни области и ќе ја видиме неговата флексибилност и способност да ги задржи своите основни програмерски концепти без разлика на областа каде што се применува.