Machine Learning е доменот во Data Science што се заснова на алгоритми и статистички модели што компјутерските системи ги користат за извршување на соодветни задачи, без претходно дадени инструкции. ML алгоритмите имаат широка примена, ги има кај виртуелните асистенти, социјалните мрежи, препораки за продукти, детекција на онлајн измами итн.
Една од тие современи примени на Machine Learning е Affective computing. Ова е интедисциплинарно научно поле во кое се работи на разивање на компјутерска емоционална интелигенција. Или поточно, поле во кое се истражуваат и развиваат системи кои би можеле да препознаваат, интерпретираат, анализираат и да симулираат човечки афективни состојби, вклучително и емоции.
На ова предавање, Мартин Ѓорески ќе демонстрира како со помош на комбинација од машинско учење (класично машинско учење или длабоко учење – Deep Learning), анализа на сигнали и анализа на звук, да создадеш системи кои ќе можат да проценат човечки емоции, човечки стрес, когнитивено оптоварување и невнимателност при возењe.