Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа на UX и UI дизајнот. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под квалитетен UX/UI дизајн и кои предиспозиции се потребни за успешна кариера во оваа област.
Покрај тоа, низ искуствата на инструкторот, од прва рака ќе дознаеш како изгледа работниот ден на еден UX/UI дизајнер, кои се најчести предизвици во оваа работа и како да се подготвиш за соодветно да се справиш со истите.
На крај, ќе се запознаеш со алатките и софтверите што се користат во оваа област и ќе дознаеш дали стандардните дизајнерски вештини како владеење на Photoshop, Illustrator или InDesign ќе можеш да ги примениш за потребинте на дизајнирање UX и UI.