Дали менаџирањето на човечките ресурси го има местото во бизнисот кое го заслужува? Која е моќта на стратешкиот HR доколку ги искористиме во целост неговите капацитети? Како ние, како индивидуи, можеме да влијаеме на тој процес?
Ова предавање ќе ја претстави глобалната слика на сеопфатноста на HR и поставеноста на секторот во бизнисот, преку примери од познати компании. Ќе зборуваме и за градењето на сопствениот пат на HR кариера и каде тоа може да ја донесе индустријата во годините што следат.

Управувањето на човечките ресурси претставува релативно нова гранка која допрва ќе го доживее својот сјај. Земајќи ја предвид нејзината сеопфатност во одговорности, претставува поднебје во кое професионалци од повеќе позадини, како правна, психолошка, економска и лингвистичка, можат да го најдат своето автентично место, да придонесат за развој на бизнисот и да го остават својот личен потпис при развој на целата индустрија. Познавањето на целокупната дејност, со цел градење на автентичниот кариерен пат, е од огромно значење за секој професионалец кој својот развој го гледа во оваа област.
Овој настан е воведно предавање за разновидноста, сеопфатноста и важноста на HR секторот во бизнис сферата на дејствување. Преку претставување на успешни приказни и интерактивно вклучување на учесниците во градење на идејата за сопствениот кариерен пат во HR, ќе направиме проекција за насоката на движење на HR индустријата во иднината, како и важноста и моќта на личниот печат на секој професионалец во таа глобална промена.
Менаџер за регрутација на топ менаџмент кадри и развој на бизнис во компанијата TFC Executives & Professionals во Холандија. Ко-сопственик на start-up во областа на туризмот, KMT Solutions и ко-основач на фондацијата Youthpreneur Stichting во Хаг, Холандија, која работи на проекти за поддршка на млади во кариерен транзит.
Психолог, кариерен советник и ентузијаст за развој на start-up и scale-up компании, која верува дека клучот на успехот на една индивидуа лежи во градењето на автентичниот кариерен пат и оставањето на личен принт во сите полиња на дејствување.

HR e една од најбројните и највлијателните нетехнички позиции во IT секторот и во просек е подобро платена од другите нетехнички позиции. Затоа, доколку се пронајде во една од точките погоре, сега е вистинското време да почнеш да учиш HR.
Дознај повеќе на копчето подолу