Scrum методологијата е едноставен проектен пристап кој овозможува поголема ефективност и продуктивност на тимот, навреме завршени проекти и задоволни клиенти. Овој пристап става посебен акцент на тимска работа и одговорност кон достигнување на добро дефинираната финална цел.
Најголем дел од ИТ компаниите се одлучуваат за Scrum методологијата бидејќи на тимовите им овозможува да додаваат нови функционалности во одредени временски интервали што овозможува побрзо лансирање на продуктот и негово понатамошно континуирано подобрување.