Поради брзата дигитализација на нашето општество софтвер тестерите станаа неизоставен дел од секој tech team. Гледајќи историски многу софтверски грешки настанати од страна на еминентни компании како што се Nissan, Mc’ Donalds и други, можеле да се спречат доколку било применето соодветно тестирање на софтверот.
За време на ова предавање ќе научиш зошто софтвер тестингот е клучен аспект на квалитетот на било која апликација или систем и кои типови на тестирање е најсоодветно да се применат во конкретни ситуации.
Покрај горенаведеното ќе откриеш и кои технички вештини и алатки треба да ги совлада секој кој размислува за кариера во оваа област, но и какви лични карактеристики треба да поседува секој софтвер тестер. Нашиот инструктор Фросина ќе ви пренесе дел од своето искуство како софтвер тестер и воедно ќе ве запознае со главните алатки и технологии кои ги користи при работењето.