Скицирањето е едно од најважните процеси за сите кои сакаат да започнат кариера во дизајн. Без разлика дали скицираме рачно или пак дигитално, секој голем дизајн започнал со овој процес.
На ова предавање ќе се запознаеш со процесот на скицирање и како твојата идеја да ја пренесеш на лист хартија па се до графичко решение.
Ќе се запознаеш со процесот на работа и како се креира една илустрација. Ќе се мотивираш да ја покажеш твојата креативност на светот.
„Мислам дека колку повеќе експериментираш и истражуваш доаѓаш до нешто каде што се осеќаш комотно. Кога ќе ти стане досадно одиш понатаму. Секој уметник си има свои фази, не мора ни да се видливи, така да се тоа влијае на градење на некаков стил кој што е убаво да се освежува од време на време.“ – Руки