Што претставува UX/UI дизајн? Што всушност работи еден UX/UI дизајнер? Дали треба да се има познавање од програмирање?” се само некои од честите прашања кои ги добиваме на темата UX/UI дизајн.
Токму затоа, решивме да направиме Live Q&A сесија со неколку инструктори од нашата Академија.
На сите прашања, одговараат нашите инструктори Јане Наумовски, Барбара К. Видиновски и Мартин Теновски, се цел од прва рака да дознаете како изгледа работниот ден на еден UX/UI дизајнер, но и сè друго што ве интересира.