fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Како до успешен Data Science резултат на Kaggle?

Kaggle е онлајн заедница од инженери и научници од областа на машинско учење и Data Science која е најпозната по натпреварувањата за решавање на реални проблеми во индустријата. На ова предавање ќе научиш што точно опфаќа процесот за учество на Kaggle, како и клучните техники и практики за да се постигне добар резултат.

23 Март 2021, 18:00

Што претставува ова предавање?

Kaggle Натпреварувањата се најчесто организирани од компании кои сакаат да ги подобрат своите продукти или услуги, преку кои инжинерите и научниците се среќаваат со вистински проблеми на кои се работи во индустријата. Наградните фондови се до неколку десетици илјади долари, меѓутоа уште поважно е искуството и можноста да се дојде до интервју доколку учесниците имаат добри резултати.  Досега се организирани стотици натпреварувања на Kaggle, од кои многу имале значително влијание во решавањето на разни проблеми или подобрување на постоечки продукти. Пример за ова се Microsoft кои преку едно натпреварување го подобрија системот за детектирање на гестикулации и движења на Microsoft Kinnect или Merck кои го усовршија процесот на предвидување на биолошката активност на разни молекули со цел за подобар развој на нови лекови. 

 

На ова предавање нашиот инструктор Игор Трпевски ќе демонстрира кои се чекорите кои најчесто треба да се направат за да се стигне до добар резултат на еден Kaggle натпревар како: feature pre-processing and engineering, Metric and hyperparameter optimization како и model ensembling.

Игор Трпевски е дипломиран инжинер и магистар по Компјутерски науки и инжинерство кој со долгогодишно искуство во областа на Data Science како во истражување, така и во индустрија. Меѓу мноштвото трудови и публикации кои ги има објавено во својата кариера, Игор 7 години работи како научен соработник во МАНУ и 4 години како Data Science консултант во Procter & Gamble. Во моментов е инструктор на Академијата за Data Science на модулите по Python и Machine Learning.

Игор Трпевски

ИНСТРУКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА DATA SCIENCE

ШТО MOЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

Запознавање со Kaggle платформата за натпреварување во Data Science

Што точно опфаќа процесот за учество на Kaggle, клучни аспекти на платформата итн.

Главните Data Science постапки и техники за постигнување висок резултат на Kaggle

Feature pre-processing and engineering, Metric and hyperparameter optimization како и model ensembling

Пример од решавање на вистински Data Science проблем од индустрија

Како всушност се работи на Kaggle, на што треба да се обрне посебно внимание, што да се приоритизира?

Q&A

На крајот од вебинарот ќе имаме отворена Q&A сесија на која ќе можеш да му поставуваш прашања на инструкторот

АКАДЕМИЈА ЗА DATA SCIENCE

Стани дел од најтемелната 12 месечна програма
што ќе ти донесе успешна и високо платена кариера

Пријави се на бесплатното онлајн предавање


Создавање бренд приказна - од концепт
до реалност

Пријави се на бесплатната Live Q&A сесија: "Дознај сè што те интересира за UX/UI дизајн!"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање ds

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Кои UX/UI алатки треба да ги знам?"

Register for the free online lecture "Absurd design speaks louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Основи на мануелно и автоматско тестирање"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Absurd Design Speaks Louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Evolution of the Web"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Како до успешен Data Science резултат на Kaggle?"

Пријави се на "Tips and Tricks за идни софтвер тестери"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Design Kitchen"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Facebook for ecommerce – Best practices"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "UX Design is everywhere"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "
"Journey to the Future Of Jobs"

Register for the free online lecture "Designing for People:
What do UX designers need to know about web accessibility?"

Пријави се на Live Q&A Session: Дознај сè што те интересира за дигитален маркетинг!

Register for the free online lecture "Things I Wish I'd Known At The Beginning Of My Career: UX/UI Design"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање