Ерата на дигиталната трансформација донесе промени што го примораа бизнис секторот да се адаптира. Појавата на social media marketing создаде отворено поле каде компаниите се натпреваруваат за своето парче од пазарот и поради тоа за секоја од нив е неопходно да допре до својата публика на што поефикасен начин. Ова не е важно само за да останеш релевантен, туку и за да водиш успешен бизнис.
Instagram е една од најдобрите социјални платформи што може да ти го овозможи ова. Затоа и над 60% од водечките светски брендови го користат Instagram за маркетинг, а со созревањето на генерацијата Z, овој процент ќе продолжи да расте. Веќе не така малиот брат на Facebook располага со една милјарда активни корисници што значи дека ако го отфрлиш овој канал во твојата маркетинг инка – испушташ огромна група на потенцијални клиенти.
На ова предавање ќе ги научиш клучните аспекти за креирање на квалитетна Instagram стратегија што носи резултати. Ќе научиш што треба да направиш за да го приодбиеш алгоритмот да работи за тебе, ќе дознаеш добри практики што треба често да ги користиш, како и лоши што треба да ги одбегнуваш. Исто така ќе ги разгледаме техничките елементи на платформата, важноста за следење на метрики и секако ќе направиме и осврт на актуелните и идни Instagram трендови и како да се адаптираме на нив. На крајот од предавањето, ќе добиеш и меил со неколку корисни алатки + туторијали за нивно користење што ќе ти помогнат да креираш поквалитетна фото и видео содржина!
Let’s up that Instagram game!