Програмерскиот свет нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Факт е дека способноста да се напишат компјутерски програми е една од најдобрите и нај kick-ass вештини што може да ја развиеш во денешницата.
Но, владеат стереотипи дека не секој може да биде програмер, а дури и оние храбрите кој решаваат да одат контра овој стереотип се соочуваат на почетокот со една дилема – дали “frontend” или “backend”?
“Frontend” и “backend” се два збора убедливо најприсутни и најупотребувани во програмерските кругови, до степен што се buzzwords и не ретко ги слушаме. Најбитно од сѐ е што овие два збора можат да ја диктираат твојата кариера како програмер, технологиите со кои ќе работиш, па во некои ситуации дури и надоместокот кој ќе го добиваш за твојата работа. На оваа едночасовна работилница, Ивица, ќе ја реши дилемата на сите оние кои размислуваат да започнат да учат програмирање но се неодлучни која насока да одберат.