Facebook е една од поомилените платформи на маркетерите која многу често ја фаворизираат пред било која друга за потребите на клиентите со кои работат. За областа e-commerce не постои подобра платформа на која може да се продаваат производи од секаков тип – било каде во светот. Низ годините Facebook многу ги унапреди своите можности за рекламирање и нуди огромна палета на опции кои може да се искористат при продажба.
Ова предавање претставува краток преглед за активното присуство на социјалните мрежи во текот на денот на огромен дел од луѓето – кое ние како дигитални маркетери треба да го искористиме во наша полза и да се бориме за нивното внимание се со цел да продадеме некаков производ или услуга.
Наша цел како маркетери е првично да го привлечеме вниманието на луѓето и да ги ставиме во некаков продажен процес, кој ние го имаме испланирано однапред и точно знаеме како треба да се одвива истиот, чекор по чекор.
Марко е дипломиран економист, кој долги години се занимава со дигитален маркетинг и графички дизајн. Скромен, тимски играч и со огромна желба за напредок и секојдневно подобрување во се она што го работи. Тој голем дел од слободното време го користи за слушање на подкасти и гледање на видеа од кои учи и се надоградува.
Mарко Ивановски
ИНСТРУКТОР И МЕНТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ ВО BRAINSTER