fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Evolution of the Web

Од кога датираат почетоците на веб? Што е HTML, a што CSS? На ова предавање ќе се запознаеш со основите на веб програмирањето, ќе дознаеш како front-end програмирањето станало засебна област на работење, ќе решиме неколку дилеми – разлики меѓу HTML и CSS, разлики меѓу Java и JavaScript и можеби најголемата – дали веб програмирањето би ти била соодветна област за учење и кариера во иднина.

16 Март 2021, 18:00 CET
Play Video

Што претставува ова предавање?

IT секторот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина, бидејќи способноста да се искодираат веб платформи, апликации и страници е несомнено една од најдобрите вештини што може да ја видиш во денешниот свет. Да го потврдиме ова, ќе се навратиме историски наназад во развојот на веб и на технологиите соодветно.

 

За време на ова предавање ќе научиш повеќе за почетоците на веб, со Бојан ќе ги објасните основните технологии за изработка на веб страници – HTML и CSS, нивниот развој и верзии низ годините. Акцент ќе се стави и на големиот breakpoint кога светот се префрли од десктоп на мобилен, а со тоа и се појави потреба вебот да се направи респонзивен. Не знаеш што е респонзивност на една веб страница? – Ќе дознаеш, без грижи.

 

Покрај горенаведеното, Бојан ќе ве запознае и со JavaScript, програмски јазик за фронт-енд и еднаш засекогаш ќе ја реши дилемата што е Java, а што JavaScript, термини што веќе 30 години предизвикуваат конфузија кај почетниците во програмирање.

Бојан Стојковски, попознат како Боко, е front-end девелопер во tech тимот на Brainster, алумни на Академијата за front-end и ментор на модулот ReactJS. Позитивен, темпераментен и секогаш расположен за учење нови работи, но и пренесување знаење. Најголемо задоволство му е кога ќе успее да изработи некое веб решение со ново-совладана вештина. Боко обожува сè што е поврзано со технологија, а во слободно време практикува сè што е екстремен спорт.

Бојан Стојковски

FRONT-END WEB DEVELOPER ВО BRAINSTER

ШТО MOЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

Почетоците на веб

Од каде потекнува идеја и потребата за веб. Кои се првите технологии и како истите се развивале низ годините.

Што е HTML, а што CSS? Што значи една веб страница да е „респонзивна“?

Ќе ги дознаеш разликите меѓу двете основни технологии, а Бојан ова ќе го илустрира преку практичен пример. Ќе разбереш и што е „респонзивност“ на веб страница и од каде потекнува потребата за истата.

Која е разликата меѓу JavaScript и Java?

Иако два сосема различни програмерски јазици, поради сличноста во имињата, често се поистоветуваат. Бојан ќе ја објасни употребата на JavaScript во градење на едно веб решение.

Q&A

На крајот од вебинарот ќе имаме отворена Q&A сесија на која ќе можеш да му поставуваш прашања на инструкторот.

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

Преку супер-интензивна 40 неделна програма + 6 недели работа на финалниот проект, симулација на реална работа и изработка на вистински веб апликации, се навлегува длабоко во програмерската логика, од програмските јазици и технологии кои се изучуваат па сѐ до бизнис стратегијата на конкретен веб продукт.

Register for the free online lecture "Things I Wish I'd Known At The Beginning Of My Career: UX/UI Design"

Пријави се на Live Q&A Session: Дознај сè што те интересира за дигитален маркетинг!

Register for the free online lecture "Designing for People:
What do UX designers need to know about web accessibility?"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "
"Journey to the Future Of Jobs"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "UX Design is everywhere"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Facebook for ecommerce – Best practices"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Design Kitchen"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Како до успешен Data Science резултат на Kaggle?"

Пријави се на бесплатната Live Q&A сесија: "Дознај сè што те интересира за UX/UI дизајн!"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Evolution of the Web"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Absurd Design Speaks Louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Основи на мануелно и автоматско тестирање"

Register for the free online lecture "Absurd design speaks louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Кои UX/UI алатки треба да ги знам?"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање ds

Пријави се на бесплатното онлајн предавање