Најдобро се учи преку реални примери. Вебинар кој има за цел да претставува еден вид интерактивно предавање кое низ практични ќе ти покаже што треба, а што не треба да се практикува од UX дизајн перспектива на дигиталните продукти.
Ќе искористам неколку познати апликации за да ви ја доловам поентата на што е добар, а што лош UX дизајн. Со користење на анализа и споредба на овие познати апликации Netflix, Uber, Whatsapp, Ryanair ќе извадам неколку клучни поенти за тоа што значи добар UX дизајн. Преку кратко интро ќе се запознаете со UX дизајнот. А преку неколку примери ќе ги откриете добрите и лошите UX дизајни и ќе ви ги откријам кои UX практики се користат за да се избегнат вакви грешки.