Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа A/B testing. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под A/B testing и зошто е корисно при додавање на нови можности во производи.
Покрај тоа, низ искуствата на инструкторот, од прва рака ќе дознаеш како светски компании како Booking.com го применуваат А/Б тестирањето и која е нивната методологија.
На крај, ќе се запознаеш со тоа каде НЕ би ти користело А/Б тестирањето, и зошто не е решение за сите проблеми.