fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Што е UX, а што UI дизајн?

Ако имаш интерес за кариера во UX/UI дизајн ова предавање ќе одговори на клучното прашање, што е разликата помеѓу UX и UI дизајн и што подразбира кариера во оваа професија

11 мај - 19:00 h

Што претставува ова предавање?

Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа на UX и UI дизајнот. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под квалитетен UX/UI дизајн и кои предиспозиции се потребни за успешна кариера во оваа област.

Покрај тоа, низ искуствата на инструкторот, од прва рака ќе дознаеш како изгледа работниот ден на еден UX/UI дизајнер, кои се најчести предизвици во оваа работа и како да се подготвиш за соодветно да се справиш со истите.

На крај, ќе се запознаеш со алатките и софтверите што се користат во оваа област и ќе дознаеш дали стандардните дизајнерски вештини како владеење на Photoshop, Illustrator или InDesign ќе можеш да ги примениш за потребинте на дизајнирање UX и UI. 

Мултидисциплинарен дизајнер со 13+ години работно искуство во областа на графичкиот и дигиталниот дизајн. Дел од својата кариера поминува и во маркетинг агенцијата Публицис како дизајнер и арт директор. Со појавата на првите мобилни апликации и развојот на мобилната индустрија како и дигиталните продукти, својата енергија и фокус ги става на решавање токму на овие визуелни проблеми и технички предизвици кои ги носи оваа индустрија. Позади себе има огромен број на успешни кампањи, брендови, продукти, настани кои оставиле впечаток во општеството како локално така и надвор од нашата држава. Во последните 3 години работи како бренд и UX/UI дизајнер на визуелни решенија на продукти во здравството и медицината во компанијата Сорсикс.

Ѓорѓи Јаневски

ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА ОВА ПРЕДАВАЊЕ?

Дефинирање на UX дизајн и UI дизајн.

Кој е процесот на работа на UX дизајнер.

Кои софтверски алатки треба да ги знае еден UX дизајнер.

Академија за UX/UI дизајн

Темелна 30 неделна програма која ќе ти овозможи брз и успешен почеток на кариера во една од најбараните и најплатените професии на денешницата – UX/UI Дизајнер.

Brainster

All Rights Reserved © 2020