Руки е илустраторка и дизајнерка со осумгодишно искуство, која живее и работи во Лондон. Нејзин предзвик е развивањето концепти и има работено и како тим лидерка и како соло уметница.
Таа е страствена и нејзините дела се одликуваат со силен и уникатен стил. Има дипломирано на Ликовната академија во Скопје – насока графика, важи за една од најкреативните графички дизајнери кај нас.
Зад себе има неколку групни изложби, како и проекти со својот колега Иван Петрушевски-Флим, од кои се издвојуваат постановката „Продажба на старо“, како и изложбата на графики. Меѓу другото, таа беше авторка и на плакатот на 30-то издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“