Голем број истражувања ја покажуваат важноста и предностите на визуелните комуникации и графичкиот дизајн, сугерирајќи дека луѓето подобро учат и помнат информации кои им се претставени визуелно, отколку само со зборови.
Предавањето изобилува со практични примери, интересни факти и конкретни совети кои ќе ви помогнат да го подобрите квалитетот на визуелните комуникации на вашата фирма или организација, но и вашето претставување во професионалната комуникација или на социјалните медиуми.