fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Journey to the Future of Jobs

Дознај како е да се работи во IBM, Spotify, Swiss Data Science Center, Intersect Labs и Ampstor. 🔥

„Journey to the Future of Jobs“ е Brainster online настан на кој наши гости се 4 млади професионалци кои ја живеат иднината на работните места.

Дел од нив работат за некои од најнапредните технолошки компании и организации на планетата, а дел од нив се претприемачи и коосновачи на нови технолошки компании во најразвиените земји на планетата.

Цел на овој настан е да слушнеме од прва рака како изгледа таа иднина и кој е патот за да стигне до работните места од иднината.

18 Maj 2021, 19:00
Play Video

Што претставува ова предавање?

Светскиот економски форум проценува дека до 2025 година, 85 милиони од сегашните работни места ќе престанат да постојат поради промената во поделбата на трудот помеѓу луѓето и машините, додека ќе се креираат 97 милиони нови работни места кои ќе се повеќе прилагодени на новата поделба на трудот помеѓу луѓето, машините и алгоритмите, односно кои ќе се базираат на дигитални вештини.

Пандемијата со која се соочуваме го забрза овој процес и иднината на работата веќе пристигна за голем број на професионалци кои се занимаваат со т.н. knowledge-based работа. Светскиот економски форум нотира дека 84% од работодавците веќе почнале или планираат за брзо да почнат со дигитализирање на процесите на работа, при што проценките се дека можат да преместат дури 44% од нивната работна сила да работи од далечина или од дома.

Имајќи ги во предвид овие трендови, Бреинстер уште од почетокот на оваа година креираше сет од активности, кој започна со кариерниот квиз чија цел беше да помогне на младите луѓе да се насочат кон правилниот избор на образование и кариера преку испитување на нивниот тип на личноста, афинитетот кон дигиталните вештини, како и податоци поврзани лично со нив со цел добивање насоки за понатамошно советување околу изборот на вистинска професија.

Процесот продолжи со изработка на платформата Future of Jobs која ги посочува најновите трендови за професиите на иднината, и тоа базирани на кредибилни глобални истражувања, но истовремено ги наведува и клучните предизвици на македонскиот ИКТ пазар, како и потенцијалите за раст.

Во пресрет на факултетските уписи, преминавме во третата активност со цел да обезбедиме на младите луѓе и особено средношколците квалитетна појдовна точка во нивното образование, односно креиравме 2 современи работилници за најбараните професии во моментов – софтверско инженерство и дигитален маркетинг при што фокус на овие работилници е од прва рака кандидатите да ги искусат вештините кои ќе доминираат на пазарот на труд во следните 10 години.

Последната активност од овој сет на активности е овој настан, Journey to the Future of Jobs, преку кој четирите млади професионалци кои ги поканивме ќе ни раскажат како стигнале таму кај што се, како изгледа да се работи во најголемите технолошки компании на светот или да се изгради технолошка компанија од 0 и нивни совети за сегашните и идните професионалци од земјата за тоа како ќе изгледа иднината на работата и кои чекори треба да ги преземат за истата да ја дочекаат подготвени.

Анита Кирковска (Intersect Labs и Ampstor), Јован Андонов (IBM), Наташа Taгасовска (Swiss Data Science Center), Филип Стојановски (Spotify)

ШТО MOЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

Зошто tech кариера и патот до најголемите tech компании, односно до започнување своја tech компанија

Искуства и insights од начинот на работа на најголемите светски tech компании, како и формирање и учество во градење на tech старт-апи

Како ќе изгледа иднината на работата погледнато низ очите на професионалците кои веќе ја живеат иднината на работните места

Q&A

За кого е ова предавање?

  • За сите кои се во процес на избор на кариера

 

  • За сите кои размислуваат за промена на својата кариера

 

  • За сите оние кои ги интересира како изгледаат професиите од иднината во tech секторот во САД, Шведска и Швајцарија

 

  • За сите кои сакаат sneak peak во иднината на работните места

АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

 

Темелна 6 месечна програма каде што се работи на реални проекти за вистински клиенти,  која ќе ти помогне да започнеш кариера во некоја од најдобрите компании или да развиеш одлична маркетинг стратегија за сопствениот бизнис или компанијата во која работиш.

 

Пријави се на бесплатното онлајн предавање


Создавање бренд приказна - од концепт
до реалност

Пријави се на бесплатната Live Q&A сесија: "Дознај сè што те интересира за UX/UI дизајн!"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање ds

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Кои UX/UI алатки треба да ги знам?"

Register for the free online lecture "Absurd design speaks louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Основи на мануелно и автоматско тестирање"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Absurd Design Speaks Louder"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Evolution of the Web"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Како до успешен Data Science резултат на Kaggle?"

Пријави се на "Tips and Tricks за идни софтвер тестери"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Design Kitchen"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "Facebook for ecommerce – Best practices"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "UX Design is everywhere"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање "
"Journey to the Future Of Jobs"

Register for the free online lecture "Designing for People:
What do UX designers need to know about web accessibility?"

Пријави се на Live Q&A Session: Дознај сè што те интересира за дигитален маркетинг!

Register for the free online lecture "Things I Wish I'd Known At The Beginning Of My Career: UX/UI Design"

Пријави се на бесплатното онлајн предавање