Ги споменавме значењата на UX и UI, но во суштина UX/UI дизајнот претставува емоционално искуство кое што корисникот го добива преку употребата на нашиот продукт. Секој ден се среќаваме со предмети како што се апарати за домаќинство, автомобили, фрижидери, телевизори, климатизери, микробранови печки, компјутери кои што на еден или на друг начин се креирани со помош на UX и UI дизајн.
И сами знаеме колку е фрустирачки кога една од нашите апликациите или физички продукт кои секојдневно го користиме не ни е најинтуитивен и лесен за употреба. Ова значи дека сме приметиле UX/UI дизајн кој има простор за подобрување.
На ова предавање ќе се запознаеш со чекорите потребни за да се креира еден UX/UI дизајн чија што употреба не е само во креирање на веб страница или мобилна апликација туку дизајн со многу пошрока употреба во реалниот свет.