fbpx

Бесплатно онлајн предавање

Напиши го твојот прв код во JavaScript

Најдобар начин да се запознаеш со програмирање и да го надминеш иницијалниот страв од истото е да седнеш и да почнеш да пишуваш код. Ова предавање има токму таа цел, да те запознае со JavaScript преку практична, едночасовна работилница.

Play Video

Што претставува ова предавање?

JavaScript на сајтот му додава функционалности а со негова помош можеш да создадеш и доста основни веб апликации. Без разлика дали сакаш да станеш frontendbackend или full stack девелопер ова е еден од основните програмски јазици кои мораш да ги совладаш доколку размислуваш да станеш програмер.

JavaScript е исто така и еден од најпопуларните програмски јазици, па неговото познавање секако може да ти помогне во понатамошна кариера, без разлика во која насока сакаш да ја развиеш.

Бидејќи располага со доста големи библиотеки на веќе готови кодови кои можат веднаш да се употребуваат како готови решенија JavaScript е еден од најомилените јазици на сите програмери почетници и дефинитивно еден од јазиците кои помагаат да го надмиеш иницијалниот страв од програмирање кои го имаат сите на почеток.

Дипломиран софтверски инженер на ФИНКИ, со повеќе од 4 години искуство во веб технологиите. Моментално вработен во Loka каде учествува во креирање на веб апликации, користејќи Javascript(Node.js) како главен програмски јазик. Ентузијаст кон модерните технологии кој верува дека користејќи ги за добро можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Во слободно време обожава да гледа спорт, особено фудбал, да игра ФИФА и да патува на разни дестинации.

Никола Кусибојовски

СОФТВЕРСКИ ИНЖЕНЕР И ИНСТРУКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА FULL-STACK ПРОГРАМИРАЊЕ НА BRAINSTER.

ШТО MOЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

Што е JavaScript и за што најчесто се користи?

Што е JavaScript и за што најчесто се користи? Како еден од најпопуларните програмски јазици JavaScript има навистина широка примена. Која е разликата помеѓу JavaScript и Java? Што све можеѓ да направиш со JavaScript?

Како да инсталираш и подесиш работна околина?

Инструкторот ќе те води чекор по чекор низ процесот на инсталација и конфигурирање на сите неопходни апликации.

Како да го напишеш твојот прв код

Во текот на предавањето ќе можеш да пробаш да напишеш тво прв код во JavaScript заедно со инструкторот и да го провериш истиот.

Q&A

Во текот на предавањето ќе имаме Q&A сесија во која ќе можеш во реално време да му поставуваш прашања на инструкторот

Академија за програмирање

Биди дел од супер-интензивна 40 или 36 неделна програма и трансформирај се од почетник во програмер.