Креирањето содржина за социјалните мрежи денес е интегрален дел од секоја маркетинг стратегија. Важноста на креирањето квалитетна и релевантна содржина е уште поголема ако се знае дека живееме во време кога е се’ потешко да се фати и задржи вниманието на просечниот корисник на социјалните мрежи.
Ова предавање ќе те насочи како да го направиш токму тоа – да се издвоиш во морето пораки на социјалните мрежи и ќе те запознае со најпознатите примери на креирање добра содржина. Ќе видиш студии на случај од најпознатите брендови и ќе ги дознаеш најновите глобални трендови.