Сет Годин, авторот на „Purple Cow“ и „This is Marketing“ брендот го дефинира како „Сет на очекувања, сеќавања, приказни и односи кои земени заедно во комбинација прават потрошувачот да одбере еден продукт или услуга наместо друг.“ Бренд идентитет вклучува повеќе елементи чија крајна цел е привлекување на нови потрошувачи кон брендот притоа правејќи постоечките да се чувствуваат како дома. Логото, типографијата, пакувањето и боите се основни елементи кои создаваат еден бренд идентитет. Креирање на еден бренд идентитет подразбира поминување на неопходни чекори како: – Дефинирање на целите на брендот и неговото позиционирање – Темелно истражување на пазарот – Креирање на впечатливо лого – Дефинирање на колор палета – Одбирање на типографија
Дијана е дипломиран машински инженер по индустриски дизајн, концептуалист и заљубеник во визуелна и музичка нарација и нивните интерферци, во приказните на формите, во емоциите на тоновите. Во нејзиниот кариерен развој таа има работено во дизајн студио, печатница, фриленс и во најголем дел – работа во маркетинг агенција како сениор дизајнер. Во моментов, Дијана е арт директор на IT платформата Colony, како и како ментор на Академијата за Дизајн во Brainster.
Дијана Димитриевска
ART DIRECTOR @ COLONY