Запознај се со најпопуларниот домен во Data Science – Deep Learning.
Научи повеќе за теоријата на невронски мрежи, како и улогата и примената
на овој тип на учење во моменталните технолошки трендови.
Deep Learning како subset на Machine Learning еволуира во чекор со дигиталната ера што донесе експлозија на податоци во секакви форми и од сите региони во светот. Овие податоци веќе дефинирани како Big Data се влечат од извори како социјални медиуми, интернет пребарувачи, платформи за e-commerce, on-demand платформи за содржина итн.
Но, овие податоци (најчесто неструктуирани) се толку обемни што би ни биле потребни декади за да ги разбереме и од нив да извлечеме релевантни информации. Компаниите го воочија неверојатниот потенцијал што лежи во ова изобилство од податоци и почнаа се повеќе да се потпираат на AI системи за автоматска поддршка и процесирање.
Преку ова предавање ќе разбереш како Deep Learning користи хиерархиско ниво на вештачки невронски мрежи за да го спроведе процесот на машинско учење. Ќе се запознаеш и со теоријата зад невронските мрежи и нивната конструкција што изгледа како човечки мозок со невронски нодови поврзани во мрежа. Додека традиционалните програми градат анализа со податоци на линеарен начин, системите засновани на Deep Learning им овозможуваат на машините да процесираат податоци со нелинеарен пристап. Инструкторот Кирил Цветков ќе го демонстрира ова и другите карактеристики на Deep Learning преку примери на имплементација во беспилотни автомобили.
Machine Learning Engineer
во Symphony.is.
Стручњак за Deep Learning
и Computer Vision
Како учат невронските мрежи и како да се оптимизираат за решавање на проблеми од областа на Computer Vision
Image Augmentation, Transfer Learning и техники како L1, L2, Batch Normalization и Dropout
Имплементација во беспилотни автомобили со помош на convolutional neural networks и behaviour cloning
Во текот на предавањето ќе имаме Q&A сесија во која ќе можеш во реално време да му поставуваш прашања на инструкторот
Стани дел од најтемелната 11 месечна програма
што ќе ти донесе успешна и високо платена кариера